Руски парадокси на сербском 2019

Миле Ѓорѓијоски РУСКИ ПАРАДОКСИ избор на поговорки, мудри мисли и афоризми


Игор Карпов (1964)  Перевод на сербский Александра Чотрича.


Раѓање - почеток на радоста, смрт - крај на неволјата.

Лекарот лечи и со убав збор, а убива со искрениот.

Последниот збор на авангардата: сликата ништо не губи, ако ја свртиме наопаку.

Судбина - тоа е с; она, што не оди по план.

Кога мислењето веќе постои, фактите само сметаат.

Мемоари - тоа е обид својата репутација да ја исперете со мастило.

Низ селото и низ животот е тешко да поминеш, а никој да не залае по тебе.

Секоја година се чувствуваш с; помалку потомок, а с; повеќе предок.

Грдото пајче пораснало и станало уште погрдо.

Паметот може да помине незабележливо, ама глупоста е секогаш видлива.

За лична слобода на овците, се борат и волците.

Кој се додворува на читателите, мора да пишува поглупаво.

Како можеш да бидеш против, кога никој ништо не те прашува.

.Кукавицата бега. Тактичарот отстапува. Стратегот маневрира.

Љубов - тоа е таква состојба кога не се сакате само себе.

Слободата не е толку добра колку што е лошо без неа.

Кај добриот лекар и безнадежниот пациент долго се мачи.

Егоист - човек кој не се претвора дека сте му интересен.

Пристоен политичар личи на невина проститутка.

Кавгите често се случуваат без причина, ама ретко без последица.

Со Маркс можело да се полемизира - немал власт. Марксистите имале средства појаки од збор.

Прокруст - мит за диктатурата на просечноста.

Секогаш спремните за с;, ги заменија спремните на с;.

Не можете да освоите жена без нејзина помош.

Сите луѓе се браќа, ама не се сите луѓе - луѓе.

Војска без војна изгледа како маса неработници.

Затворите се корисни за размена на искуства.

Вертикалата на власта - тоа е кога митото се зема од дното кон врвот.

Во борбата за слобода на рибите, не крши го аквариумот!

Апатија - тоа е кога те мрзи и да се обесиш.

Постојат два вида лаги: да кажеш лага и да ја премолчиш вистината.

Секој втор, мисли дека е прв.

Додека се приближувате кон целта, најважно е да не станете мета.

Лесно е да се прават деца - тешко е да се поправаат.

Љубовта создава грижи кога ја има, а парите кога ги нема.

Исповедта е многу поинтересна од проповедта.

Епитаф е максимално редактирана биографија..

Ни најправедниот суд не суди по правдата, туку по законот.

Ако плачеш без причина Бог ќе направи причината да се појави.

Критичарот е стручњак, кого Бог го наградил со дар за ги забележи сите глупости освен своите.

Манија на величина - тоа е состојба во која ти ја гледаш својата големина, а лекарите само манијата.

Во политиката дури и вистината е вид лага.

Многу правила ја почнале својата кариера како исклучоци.

Колку е човек попаметен, попознати се неговите глупости.

Секоја можност е случајна. Секоја случајност е можна.

И самодовербата мора да се заслужи.

Идиотите почесто од другите се жалат на неразбирање.

Секоја просечност се смета себе си за златна средина.

Остроумниот е почесто остар, отколку умен.


Рецензии